Екран кој самиот си ги поправа гребнатинките


Јапонската фабрика „Toреј“ го претстави новиот систем за заштита, кој физичките оштетувања на екраните ги поправа за помалку од десет секунди, а тоа може да го направи 20.000 пати.

ekran compТоа е овозможено со заштитен филтер изработен од многу отпорен полиестер, што се става преку екранот и што подобро функционира на пониски температури. Секако, „Toреј“ предупредува дека заштитата нема да делува ако флтерот е дупнат.

За време на демонстрацијата на новиот систем екранот бил изгребан со метална четка, по што тој успеал самиот да се поправи.

Најавено е дека  оваа заштита наскоро ќе се појави на серија уреди, но нивните имиња засега се чуваат во тајност. Приоритете на „Тореј“ е да влезе на пазарот на сматфонови.

„Toреј“ со овој систем ќе стане конкурент на „Горила Гласу“, чиј последен голем хит беше заштитниот филтер отпорен на отисоци од прсти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1