Поради кражба на накит во вредност од 1,2 милиона долари, поранешната извршна директорка на водечката светска компанија за производство на златен накит „Тифани енд Ко“ е осудена на една година и еден ден затворска казна.
Ингрид Ледерхас-Окун (46) ја признала вината за пренесување на украден имот преку граница, злостроство што федералниот судија во Њујорк го оцени како „необјаснив чин на самоуништување на личност што немала потреба од пари“.
Откако Ледерхас-Окун ја напуштила компанијата „Тифани енд Ко“ во февруари, е откриено дека земала 164 парчиња накит, поради природата на работата што ја имала, но дека никогаш не го вратила.
Меѓу исчезнатите парчиња накит се наоѓаат голем број дијамантски нараквици до 18-каратно злато, обетки и прстени од злато и платина со драгоцени камења.