Екс градоначалникот Марјан Ѓорчев бил најчест македонски гостин кај баба Ванѓа?


Поранешниот министер и градоначалник Марјан Ѓорчев бил еден од најголемите почитувачи на видовитата Вангелија, позната како Ванѓа, и нејзин чест гостин во Петрич, Бугарија, местото каде што живеела таа, пишува Плусинфо.

marijan gjorcev„Марјан Ѓорчев е еден од малкуте луѓе кои никогаш не ја побарал за свој личен проблем. Доаѓал, ете така – само на сладок муабет. Или за совет и помош за некој болен пријател. Секогаш ја изненадувал пророчицата со нешто вкусно, што на неа и се сакало во тој момент…“, пишува Николај Стојанов, внук на пророчицата, во книгата „Случајот Ванѓа“, која неодамна беше објавена во издание на „Магор“, но и со поддршка од Ѓорчев, кој често ѝ носел изварка.

Познатата балканска пророчица советувала и им гледала на многу познати политичари. Меѓу другото на Брежњев, кој лично ја посетил, му прорекла дека за 4 години ќе стане претседател на СССР и ќе го замени Хрушчов.

Неретко во нејзиниот дом гостувале и бугарскиот претседател Тодор Живков, неговата ќерка Људмила Живкова, бугарскиот цар Борис Трети со кого, како што сведочи внукот Стојанов, се сретнала во 1942 година, кога му ја прорекла смртта.

„ -Ти што работиш? – го прашала

– Работам…

– Цар си, а? Државата ти расте, си се распослал нашироко, но биди готов да се свиткаш во ореова лушпа… Светот ќе стане црвен… Кога ќе дојдат прво тебе ќе те заколат. Биди спремен и помни ја датата 28 август!“

vangja-500

Ова е дел од дијалогот на Ванѓа со царот Борис Трети, кој бидува отруен со бавен отров на враќање од Германија, каде се сретнал со Адолф Хитлер, и е погребан во ковчег од ореово дрво, а умира токму на пророчената дата.

Ванѓа ја предвидела и смртта на индиската премиерка Индира Ганди, кога рекла „официјалната жолта одора на Индира Ганди ќе ја чини главата“. Индира, за претстојното интервју со Питер Устинов, одлучила да ја облече омилената жолта свилена облека, но под неа не можело да се носи заштитен елек, како што било предвидено со безбедносните мерки и тој ден е смртоносно застрелана.

Вангелија е родена во Струмица, била мажена, немала деца и била слепа. Пред нејзината куќа во Петрич чекале редици луѓе кои барале одговори од пророчицата. На крајот од денот таа често пати била исцрпена, а својата енергија ја обновувала во друштво на цвеќињата во нејзината градина за кои велела дека самите и кажуваат какво лековито својство имаат.

Повеќе на – Плус Инфо 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1