Момче и девојка нападнати и ограбени во Градски парк во Скопје


park500

Романтичната вечер на момче и девојка им била прекината во Градскиот парк од неколку лица кои ги нападнале и ограбиле.

Инцидентот се случил синоќа околу 20:30 часот кога 23-годишниот охриѓанец П.Ш. и неговата 19-годишна девојка М.А. од Скопје биле физички нападнати, јавува Курир.

Непознатите лица им нанеле видливи повреди, а потоа ги ограбиле одземајќи им два мобилни телефони, документи и 200 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1