Екс-известувачот за Македонија во ЕП – осуден на 2 ипол години затвор за корупција


Поранешниот известувач за Македонија во Европскиот Парламент, Словенецот Зоран Талер е осуден на две ипол години затвор и парична казна поради корупција додека беше пратеник во Европскиот Парламент.

talerТој беше фатен во корупски скандал. Талер „се закачил“ на јадицата на англискиот Сандеј тајмс чии новинари му се претставиле како лобисти и за награда од 100.000 евра побарале од него да посредува за донесување на некои од законите во ЕП.

Словенечката полиција поднесе пријава против Талер, а тој потоа се спогодил со обвинителството.

– Формално со таа спогодба ја признавам вината, изјави Талер кој доби казна од 15.000 евра кои ќе бидат донирани во Педијатриската клиника во Љубљана, а затворската казна ќе ја издржува на крајот на секоја недела. Тој исто така ќе нема право да се вработува во јавна служба пет години.

Заедно со Талер, во мамката на Сандеј тајмс се фатија и австриски, романски и шпански европратеник.

Талер беше човек близок до СДСМ, кој ја злоупотребуваше својта должност и и нанесуваше штета на Македонија. Тој обвини дека некој во Македонија се обидува да ја менува историјата.

Работејќи против македонските интереси, тој секогаш наоѓаше простор да ја пофали опозицијата во Македонија, штитејќи ги неговите партиски пријатели.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1