И куќата на Жерновски во барок – Битката против барокот стана лична борба


Се ликува од страна на Владата дека ќе се изврши барокизација на фасадата на мојата семејна куќа, ова е противуставно влегување во приватноста на сопствениците и како општина планираме да ги обжалиме измените во Законот за градење кои ќе се донесат, изјави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, по најавите дека со новиот бран фасадни реконструкции на објекти во центарот на градот, ќе биде опфатени и семејната зграда на градоначалникот, пренесува Плус Инфо.

zernovski intervju– Не знам до каде може да оди сето ова лудило, пред мене и вас се наоѓа деликатна тема, како рационално да се одговори на ова лудило кое надвадеа? Гледам дека се персонализира оваа битка, веројатно треба да му се одмаздат на градоначалникот така што ќе му се промени фасадата – вели Жерновски.

Според него измените во Законот за градење, за кои Собранието треба наскоро да одлучи, се противуставни, дека ја имаат целта да се одземат ингеренциите кои Општина Центар ги има во одлучувањето за изгледот на централниот дел од градот, и дека го расчистат патот на барокот од препреките кои може да ги постави општинското раководство.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1