Екс петседателот на Турција го труеле со дури 4 отрови


При токсиколошките анализи на посмртните останки на Тургут Озал, поранешниот претседател на Турција кој почина во 1993 година, пронајдени се дури четири видови отрови, објавува весникот Тудејс Заман.


Според анализите во неговото тело откриени биле инсектицидот ДДТ, и тоа 10 пати над нормалната граница, потоа кадмиум, полониум и америциум.

Се претпоставува дека радиоактивните америциум и полониум го ослабеле имунитетот на Озал додека ДДТ кој наверојатно е внесен во телото со храна или пијалаци, ја забрзал негова смрт. Гробот на Озал беше отворен на 2 октомври во рамки на истрага за причината за неговата смрт пред 19 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1