Екс пратеничка од ДУИ и сестрата на Катица Јанева ќе раководат со Комисијата за хартии од вредност


Поранешната пратеничка на ДУИ Нора Алити ќе раководи со Комисијата за хартии од вредност. Алити која е ќерка на поранешниот лидер на ПДП Абдурахман Алити и екс амбасадор во Бугарија, доаѓа на оваа позиција по предлог на Владата. За заменик на Алити во комисијата со потпис од премиерот пак е предложена Лиле Делиџакова, која е сестра на обвинителката Катица Јанева. Од Владата за Сител велат, Делиџакова е предложена поради нејзиното професионално искуство.

– „ Предложениот кандидат е Дипломиран Економист со 20 годишно искуство во работење со финансии, банкарство и општо економски менаџмент. Огласот бил објавен на 10 февруари, имало 8 апликаџии од кои 1 кандидат не исполнил услови, а од останатите 7 избрани се 5 кои се пратени во Собрание.“

Премиерот Заев потврди и вели дека нема предрасуди за предложените кандидати.

Сестрата на обвинителката од СЈО порано работела во Царина. Лани пак Делиџакова од Агенцијата за вработување добила пари од програмата за самовработување. Алити од ДУИ е магистер за Осигурување и управување со ризик во финансиските институции . Покрај предлозите за првите луѓе на Комисијата, Владата предложи и тројца членови Зоран Колев, Кирил Јовановски и Душко Гошевски. Мандатот на комисионерите трае 5 години со можност за реизбор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1