Поранешната прва дама на Хондурас, Роса Елена Бонила (52) беше прогласена за виновна за злоупотреба на 779 илјади американски долари од меѓународни донации и јавни средства во текот четири години, за време на мандатот на нејзиниот сопруг Порфирио Лобо.
Обвинителството изјави дека таа ги искористила парите за да купи накит и да плати за медицински прегледи и школарина за нејзините деца.
Нејзиниот адвокат рече дека Бонила е невина и ќе поднесе жалба.
Бонила беше уапсена во февруари 2018 година по истрагата за исчезнување на парите од јавните средства, вклучително и буџет дизајниран да обезбеди чевли за сиромашните деца на Хондурас.
Врховниот суд на Хондурас одлучи Бонила да врати 10 проценти од присвоените средства.