Екс шпионот на ЦИА Сноуден побара азил од Венецуела


Венецуела добила „официјална молба“ за азил од поранешниот соработник во ЦИА, Едвард Сноуден. Тоа го изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро по средба со претседателот на Панама Рикардо Мартинели.

snouden cia– Добивме писмо со молба за азил, изјави Мадуро наведувајќи дека сега Сноуден „треба да одлучи кога ќе пристигне“ во Венецуела.

Поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден и денеска се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево.

Сноуден на аеродромот е блокиран веќе 15 дена и не е виден од заминувањето на 23 јуни од Хонгконг, каде ја обелодени тајната американска програма за следење на комуникациите во светот. Се огласи единствено преку интервју кое пред два дена го објави германскиот весник „Шпигел“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1