Во Управната зграда на Скопски Саем синоќа се одржа свечен коктел по повод 15 години постоење на „Лајонс клуб Интернешнал- Република Македонија“ и пет години „Лајонс дистрикт 132- Македонија“.

Инаку, на церемонијата беа присутни повеќе амбасадори, а првиот гувернер Небоша Давидовски неочекувано доби највисок орден од светски ранг, од страна на Меѓународниот Претседател Вејн Маден, а кој му го врачија заедно со лајон Линда Маден.
Присуствуваше и поранешниот меѓународен директор Тон Сутерс и лајон Махтелд Сутерс, гувернерот на дистриктот Македонија Андреја Стојковски и лајон Живка Костовска-Стојковска.
На крај на вечерта Гувернерот на дистрикт 132, Андреја Стојковски, како што е ред, го предаде чеканот и знамето на новоизбраниот гувернер, кој овој пат е жена.
Церемонијата на македонски и на англиски јазик ја водеше шармантната Васја Трпеноска, која подолго време се едуцираше во Америка..