Експеримент во Британија – Бебе ќе се зачнува со три различни ДНК


Британскиот Парламент денеска одобри зачнување на бебе со три различни ДНК, со цел да се избегне наследувањето на некои сериозни болести.

„За“ одлуката гласаа 382 пратеници во Долниот дом на Парламентот, а 128 беа „против“. За да стапи во сила решението на седница закажана за 23 февруари треба да го одбри и горниот Дом на лордовите.bebe111

Меѓутоа, гласањето во Домот на лородвите е чиста формалност, по што Велика Британија ќе стане прва земја во светот што одобрува ваква медицинска постапка.

Постапката предвидува комбинација на ДНК од две жени и еден маж.

За користење на оваа метода, сите заинтересирани идни мајки ќе треба да добијат одобрение од британската служба за биоетика.

Првите бебења зачнати со тројна ДНК би можеле да бидат родени најрано во есената 2016 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1