Експерт за безбедност на летовите: За сите е профитабилно да се обвинува Лубиц


Се повеќе детали излегуваат во врска со несреќата на Airbus А-320 на германската авиокомпанија Germanwings. Сите тие покажуваат дека главна улога за трагедијата има човечкиот фактор. За прв пат обвинителот Брис Робен, изјави дека вториот пилот се заклучил во кабината и веројатно намерно го свртел авионот кон земјата. Потоа стана јасно дека Лубиц се лекувал кај психијатар. Не е сè, сепак толку јасно. Еве каков е коментарот на Сергеј Mелниченкo, член на Меѓународниот фонд за безбедност на летовите во интервју за руското издание Lenta.ru.

Повторно човечки фактор?avionot-erbas500

Веднаш сакам да кажам дека јавното говорење на обвинителот, кој го обвини вториот пилот за убиството на патниците, противречи на меѓународните барања и стандарди на ICAO, International Civil Aviation Organization, Меѓународната организација за цивилно воздухопловство) запишани во истрагата на авијациските несреќи. Во Франција за тоа одговара соодветната организација и нејзините претставници не рекле ниту збор до моментов. При тоа, изјави дава човек кој се занимава не со истрагата, туку со кривичната постапка. Според правилата на ICAO, тоа што го рече обвинителот треба да се проверат неколку пати и дури тогаш да се даваат јавно информации меѓу другите факти и заклучоци на експертите.

Јавно обвинителот имал доволно причини за да даде ваква изјава.

Зборовите на обвинителот на Марсеј во моментов се дискутираат активно и се критикуваат во професионалната сфера, токму поради кршење на стандардите на ICAO. Во такви истраги вистинските причини не се секогаш на површината. Но заради зголемениот интерес за оваа трагедија, вклучувајќи од страна на државните раководители и кралски особи, на овој човек многу му се посакало да даде некакви резултати и тој излезе со својата изјава. Еве ви еден советски принцип: ако не може, но многу ни се сака, значи може.FRANCIJA OBVINITEL

Според Вас, депресијата на Лубиц, добар повод ли е да се префрли врз него целата вина?

Со моите колеги разговаравме за ситуацијата и дојдовме до заклучок дека обвинувањата кон вториот пилот е поволна за сите во овој момент. Го најдоа оној кој е виновен за сè, и го доделија на јавноста и работите почнаа да се смируваат. Но! При авијациските несреќи нема една – единствена причина. До трагедијата секогаш води синџир од причини што некој не ги прекинал. Некој го прифатил овој пилот на работа, подлегнал на психијатриско лекување и дури му дал пристап до патнички превози.

Од Germanwings велат дека имаат многу сериозен медицински надзор. Како да се толкуваат овие две околности? Можеби и тука треба да се побараат виновни. Не мислам дека тука е виновен еден човек, туку системот. Системот за тимот на кадри. Системот за медицинска контрола и надзор.XXX_A320 cockpit GRAPHIC.1

Системот за подготовка на пилотите исто ли?

Да. Тоа е друго прашање. Европската агенција за безбедност на летовите пред време издаде соопштение во кое се велеше дека кај овој вид авиони постои веројатност од самопроизволено намалување на висината без команда, дадена од пилотот. Спроведени се наставни вежби на летот по ова прашање? Многу прашања се јавуваат покрај психичкото здравје на Лубиц. Најверојатно тој е виновен за оваа трагедија, но системот не можела да создаде сигурна бариера, за да ги заштити патниците. Според мене француската агенција за истраги на воздухопловните несреќи треба да се искаже по ова прашање.

Но сепак последната алка од синџирот бил вториот пилот. Како стои прашањето со човечкиот фактор?

Можеби, воведувањето на правилото за две лица во пилотската кабина би било најразумна и најевтина мерка во оваа ситуација. Тука воопшто не е задолжително да има трет член на екипажот, кој ќе има исти професионални ангажмани, како пилотите. Доволно е некој од борд-работниците да го заземе местото на едниот од пилотите. Тогаш слични трагедии би можело да бидат избегнати. Се разбира, овој член на екипажот треба да помине посебен курс на подготовка, за да знае како да реагира во нестандардни ситуации, како да дејствува.MAIN-Andreas-Lubitz

Може ли да се понудат било какви технички средства?

Не мислам. Имаше предлог да се воспостави систем за видео надзор во кабината, но не можам да замислам како тоа ќе помогне да се избегнат слични ситуации во иднина. Да помогне во истрагата – да, но да ги спречи …

А ако некаде, на тајно место на одборот се чува резервен клуч од пилотската кабина?

И тука има “но” … Нека се замисли ситуација во која терористи решаваат да грабнат авион. Бидејќи сето тајно, порано или подоцна станува јавно добро, за тоа подготвените киднапери сигурно ќе знаат за постоењето на резервен клуч. Која е веројатноста дека никој од екипажот нема да го издаде неговото место по тортура? Јас не би разгледал сериозно слична мерка.

Во САД дејствува правилото за две лица во пилотската кабина …

Тоа е така, но зошто го направија? Бидејќи имало случаи кога пилотот сакал да се самоубие, разбивајќи авионот заедно со патниците. Јавно во САД се одлучиле да го минимизираат овој ризик, сега и на ниво ICAO- овие стандарди можеби ќе бидат прифатени.

Зошто не биле прифатени порано?

За жал сите мерки кои ги прифаќаат авијациските власти и авиокомпаниите, се земаат по трагедиите, наместо да ги спречуваат …

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1