Експерт за тероризам: “ИСИС е најопасна терористичка група во историјата, очекувајте повеќе напади!


Професорот Гуидере, уште во 2012. година, кога во Тулуз била извршена серија терористички напади на француски војници и цивили, предупредил дека по централизираниот тероризам во обликот на Ал Каеда и Осама бин Ладен, следи време на радикални поединци пораснати на Запад и предвидел напади на цивили како овој во Брисел.djihad balkan

“Многу земји во Европа се во иста ситуација: под закана се на луѓе кои се родени во нашите земји, имаат наши државјанства и во еден момент стануваат радикални. Следбениците на ИСИС се поопасни и посурови од терористите со кои претходно се среќававме, прават сè за да покажат дека се верни на идејата за таканаречената Исламска држава. Кога зборуваме за исламскиот тероризам, ИСИС треба да се сфати како точка на придвижување. Имено, досега се боревме со организации кои се во многу послаб состав од ИСИС. Таа нуди револуционерен модел кој е многу потраен, попрецизен, а со тоа и поопасен од сè што досега сме виделе”, рекол професор Гуидере за Jutarnji List.

Кога зборувал за иднината на градовите како Лондон, Париз и Брисел, но и останатите европски градови, не бил оптимистичен. “Имајќи на ум колку млади луѓе од европските држави се приклучиле кон ИСИС, можам само да предвидам дека напади ќе има сè повеќе”.

Со намера да избегне паника на улиците на британската метропола, нејзиниот градоначалник Борис Џонсон изјавил: “Најважната работа која сакам да ја порачам е дека немаме причина да мислиме дека сето тоа што се случи во Брисел, ќе се преслика тука. Немаме дојава од службите за национална безбедност според која би сметале дека постои било каква моментална закана, но поради чувството за безбедност го зголемивме присуството на полицијата на најголемите аеродроми”.

Командантот за борба против тероризам при лондонската Метрополитен полиција, Марк Роули, ја потврдил мобилизацијата на поголем број полицајци во делови на градот, но инсистира дека одлуката не била донесена на основа на дојава на тајни служби, туку исклучиво како мерка за безбедност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1