Експлозијата во Бејрут направила кратер од 124 метри (ВИДЕО)


Катастрофалната експлозија што се случи во пристаништето во Бејрут, во која што загинаа најмалку 135 лица, ќе ја чини државата најмалку 15 милијарди долари.

Во експлозијата починале најмалку 135 лица , околу 5.000 се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе се раселени од нивните домови.Стотици се исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

Властите во Бејрут прогласија двонеделна вонредна состојба.Според Си-Ен-Ен, дијаметарот на кратерот во Бејрут што бил направен со експлозијата е голем околу 124 метри.

Си-Ен-Ен ги објави информациите засновани врз анализа на сателитски снимки.

Ова значи дека кратерот е поголем од фудбалско игралиште. Си-Ен-Ен додава дека нивната проценка може да варира на повеќе или помалку од 10 метри.

Целосно е уништено пристаништето преку кое стигнуваат најголем дел од производите во државата, оштетети се голем број на станбени и деловни објекти, а во експлозијата уништени се и три болници. Државата веќе има и сериозни проблеми со пандемијата на коронавирусот.

  • Земјата има проблеми. Секогаш кога ќе направиме еден чекор напред, се случува нешто лошо што не враќа десет чекори назад.
  • Морав да одам по автопатот за да стигнам до мојот дом кој сега е уништен. Попат сретнав многу повредени. Имаше и многу мртви кои лежеа на улицата.

Спасувачките екипи се уште се обидуваат да пронајдат преживеани под урнатините, а забранет е пристапот до деловите од градот околу местото на несреќата. Најмалку сто лица се уште се водат како исчезнати. Властите побараа меѓународна помош, а според министерот за економија на државата ќе и бидат потребни неколку милијарди долар за да ги санира штетите.

Францускиот претседател Емануел Макрон кој денеска пристигна во Бејрут предупреди дела Либан мора да ги спроведе неопходните реформи бидејќи инаку ќе се соочи со сериозна политичка и економска криза. Франција веќе испрати три авиони со неколку тони медицински материјали.

„Главен приоритет во моментов е помошта. Мораме да пружиме безусловна поддршка. Сепак, бараме од Либан да ги направи неопходните реформи и да ја засили борбата против корупцијата. Ако тоа не се случи, државата нема да напредува.“ – изјави Макрон.

Досега ЕУ испрати 100 пожарникари и воени бродови во Либан а го активираше сателитскиот систем за мапирање Коперник за да се олесни пребарувањето.

Руското Министерство за вонредни ситуации објави дека првиот од четирите авиони со помош слетал во Бејрут. Со него пристигнале екипи за спасување, лекари и медицинска опрема и мобилна болница а германија испрати 50 специјалисти од Федералната агенција за помош при катастрофи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1