Бевме сведоци на ужасни сцени во последните минути од вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола во 1. коло од Првата лига.
Во 90. минута, во обид да си заминат предвреме од стадионот навивачите на Вардар, „Комити“ влегоа во пресметка со полицијата, по што се слушна силна ексползија. Според она што го видовме, еден од навивачите беше тешко повреден и остана без рака. Тој веднаш беше пренесен во битолската болница со возило на брзата помош, јавува Спортмедиа.мк.
Сѐ уште не е познато во каква состојба се наоѓа тешко повредениот навивач, а имаше и неколку дурги повредени гостински навивачи при инцидентот на излегувањето.
Претходно, некаде на средина од првиот дел, „Комити“ пристигнаа на стадионот „Тумбе кафе“ да ја бодрат својата екипа. Откако минатата сезона не беа во Битола заради протест кон сопствената управа, сега тие со неколку автобуси пристигнаа и со големо обезбедување се сместија на помалата трибина.