Бомба експлодирала синоќа во скопската населба Радишани на улицата „Радишанска“.
Според првичните информации од полицијата, две бомби биле фрлени на кровот од куќата на 48-годишниот Р.З. синоќа околу 23:40 часот, од кои едната експлодирала.
Втората бомба, по пријава на експлозијата, била пронајдена падната во дворот од куќата и истата е деактвирана. Експлозијата од бомбата направила само оштетување на кровот од куќата, а за среќа нема повредени лица.
Полицијата се уште извршува увид на лице место, по што се очекува да бидат познати повеќе детали. Воедно, се превземаат и мерки за пронаоѓање на лицето или лицата кои ги фрлиле бомбите во куќата на Р.З.