Експлозија на бомба во скопско Радишани


Бомба експлодирала синоќа во скопската населба Радишани на улицата „Радишанска“.

police-lenta-500Според првичните информации од полицијата,  две бомби биле фрлени на кровот од куќата на 48-годишниот Р.З.  синоќа околу 23:40 часот, од кои едната експлодирала.

Втората бомба, по пријава на експлозијата, била пронајдена падната во дворот од куќата и истата е деактвирана. Експлозијата од бомбата направила само оштетување на кровот од куќата, а за среќа нема повредени лица.

Полицијата се уште извршува увид на лице место, по што се очекува да бидат познати повеќе детали. Воедно, се превземаат и мерки за пронаоѓање на лицето или лицата кои ги фрлиле бомбите во куќата на Р.З.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1