Експлозија пред Американската амбасада во Анкара – 2 загинати (Видео/Фото)


police-forensic-work-february-844

Експлозијата се случила пред главниот влез на заградата на американското дипломатско претсавништво.

Бомбаш-самоубиец активирал експлозив денеска при напад во кој загинаа две лица во американската Амбасада во Анкара, изјави гувернерот на Анкара Аладин Јуксел.

Тој прецизира дека во експлозијата загинале напаѓачот и едно лице од обезбедувањето. Повредена е една жена која е хоспитализирана, додаде тој.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека експлозијата е самоубиствен бомбашки напад.

rescuers-february-2013-victim-750

Американскиот амбасадор во Анкара Франсис Ричардоне изјави дека човек од обезбедувањето на Амбасадата е убиен во напaдот,а турски жител е ранет.

Според полициски извор на кој се повикуваат турски медиуми, експлозијата била предизвикана на влезот на зградата во пункт за проверки пред одделот за визи и не е причинета материјална штета во објектот.

Полицијата по прегледување на записи од безбедносни камери идентификувала две осомничени лица. Едниот од нив можно е да бил напаѓачот. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1