Најмалку три лица се повредени во експлозија што се случи во близина на трамвајската станица во турскиот град Истанбул.
Телевизијата Си-Ен-Ен Турк јави дека експлозијата се случила во занаетчиска работилница која се наоѓала во петкатна зграда во квартот Зејтинибурну, и оти можна причина е истекување гас.
На телевизиските снимки е прикажан чад кој излегува од зградата каде се случила експлозијата, а на местото веднаш пристигнале противпожарни екипи и итна помош.
Вчера во експлозија поради истекување гас во југозападниот град Денизли, загина едно лице а 36 беа повредени.