Експлозија во Истанбул – повредени најмалку 3 лица


Најмалку три лица се повредени во експлозија што се случи во близина на трамвајската станица во турскиот град Истанбул.

brza pomos policija eksplozijaТелевизијата Си-Ен-Ен Турк јави дека експлозијата се случила во занаетчиска работилница која се наоѓала во петкатна зграда во квартот Зејтинибурну, и оти можна причина е истекување гас.

На телевизиските снимки е прикажан чад кој излегува од зградата каде се случила експлозијата, а на местото веднаш пристигнале противпожарни екипи и итна помош.

Вчера во експлозија поради истекување гас во југозападниот град Денизли, загина едно лице а 36 беа повредени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1