Експресно најдени крадците на поштата во Буковиќ – полицаец еден од осомничените


Полицијата го расчистила грабежот на поштата во скопско Буковиќ. Според првичните информации, група повеќемина (4 или5 лица) се осомничени дека ја испразниле поштенската каса за 1 милион денари.

Мегу нив осомничен е и полицаец – потврдуваат од МВР, пренесува Канал 5.

policijayetiДвајца разбојници велгле внатре по пленот, другите им биле логистика и ги чекале со два автомобили за да избегаат, велат од МВР.

Вреќите во кои биле чувани парите ги запалиле. Повеке детали од МВР најавија во текот на денот.

Разбојништвото се случи минатат недела.

Тројца вработени и еден пензионер биле во селската пошта во скопско Буковиќ кога во неа упаднале двајца маскирани и вооружени разбојници. Со пиштол и со калашњиков ги побарале парите и со себе однеле милион денари кои биле наменети за јунската пензија за пензионерите во овој дел од Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1