Ексразузнавачот Александар Диневски започнал штрајк со глад во затворот во Шутка, потврдуваат за Канал 5 од управата за извршување санкции.
Од таму објаснуваат дека штрајкот го започнал денеска со тоа што не го земал ручекот.
Причина за штрајкот е незадоволстовото од пресудата за Шпион со која тој беше огласен виновен и доби четири ипол години затвор. Обвинет е за 3 кривични дела злосторничко здружување шпионажа и оддавање државна тајна.
Вчера Кривичниот суд ги изрече казните за првата шпионска афера. 18тимна обвинети добија од условна до 18 години затвор за првоообвнетиот Маријан Ефремов. Ексгенерлот Горан Стојков доби 9 години затвор и револтот јавно го искажа уште во судница.
Поранешниот директор на управата за спречување перење пари Ване Цветанов доби 3 години затвор.