Ел Чапо имал своја зоолошка , три авиони и куќа на секоја плажа


Неверојатни детали се појавуваат на судењето на деценијата на мексиканскиот нарко бос Ел Чапо во Њујорк.

Мексиканскиот нарко бос Хоакин ,,Ел Чапо” Гузман бил толку богат што имал своја зоолошка градина, куќа вредна 10 милиони долари на плажата во Акапулко, јахти ,а често патувал на подмладување во Швајцарија .

Ова во судницата во Њујорк го раскажа Мигел Ангел Мартинез , поранешен соработник на Ел Чапо. Вели дека најголемото богатство картелот на Ел Чапо го заработил за време на кокаинскиот бум на почетокот на 90 – тите.

Вели дека нарко босот имал куќи на секоја плажа и ранчови во секоја држава , а на своите вработени им подарувал скапи автомобили.

Тој на судењето детално раскажувал како картелот преку тунели од Мексико ја префрлале дрогата во САД . Кокаинот го шверцувале и со специјално направени камиони , па дури и во конзерви со чили пиперки.

Десетиците милиони долари од продажбата пристигнувале во градот Тихуана , а од таму Чапо праќал авиони за да му ги донесат парите дома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1