ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба стабилна, се задоволуваат сите потреби на потрошувачите


Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија, информира директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски.struja-majstor

Тој додаде дека во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето произвоство го има натфрлено за 10,9 проценит и во целост одговори на потребите на граѓаните и индустријата.

Како што посочи деновиве откако е зафатена земјава со студен бран потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти во однос на вообичаената потрошувачка за овој период од годината.

АД ЕЛЕМ, потенцира, дека во целост ги има ставено на располагање сите свои производствени капацитети.кои работат, а хидроелектраните се во резерва и, како што посочи, доколку дојде до зголемување на конзумот, односно потребите на потрошувачите ќе бидат ставени во функција и ќе одговрат на потребите на потрошувачите

– Ние сме сега пред еден сериозен предизвик и не само ние, туку и цела Европа. Имаме вонредни временски прилики при што во текот на вечерва температурата во Македонија падна и под 25 степен под нулата, во Скопје беше околу -23. Сите чинители во електроенергетскиот систем сме подготвени. Ќе го пратиме конзумот, потребите на граѓаните и индустријата и соодветно на нивните потреби и така ќе одговараме, рече дирекиторот на АД ЕЛЕМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1