Елена како Северина на сцената на „Твоето лице звучи познато“ (Видео)


Македонската поп-пејачка Елена Ристеска синоќа настапи во првата епизода од втората сезона на српското музичко шоу „Твоје лице звучи познато“ и со својата провокативна имитација на хрватската поп-ѕвезда Северина ги запали социјалните мрежи.elena-ristevska-1413142433-580547

Елена на сцена придружувана од групата „Министарке“ го изведе големиот хит на Северина „Уно моментно“, а нејзиниот изглед и стајлинг неодоливо потсетуваше на хрватската поп-ѕвезда.

Облечена во црн кожен корсет и мрежести хулахопки, ултра високи потпетици и разбушавена коса Елена со својата заводлива кореографија го привлече вниманието на машкиот дел од публиката.

Откако вчера блесна во „Твоето лице звучи познато“ во улога на сексапилната Северина, Елена Ристеска во следната епизода  ќе се претстави со имитација на Бритни Спирс, и тоа со песната „I Am A Slave For You“ во која на сцената ќе има придружба за имитацијата да звучи што поинтересно. Имено на сцената ќе има жив питон кој ќе биде искористен како дел од кореографијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1