Елтон Џон ланира да се прости од музиката во март, кога ќе го прослави 70-тиот роденден, за маскимално да му се посвети на семејството.
Славниот музичар вели дека сака повеќе време да поминува со сопругот Дејвид Фурниш и синовите Захари и Илај.
– Не сакам повеќе да излегувам од дома. Семејството ми е најважно. Ако не можам да бидам со синовите, не ни требаше да имам деца – изјавил пејачот.
Неговите пријатели велат дека и неговите соработници се согласиле со неговата одлука, особено поради тоа што Елтон во последно време и премногу се грижи за своето здравје. И тие сметаат дека дошло време да се пензионира и со семејството да поминува време во своите куќи во Франција, Лос Анџелес и Англија.
– Елтон сè направи и сè виде, повеќе не мора на никога да докажува ништо – рекол неговиот пријател за „Дејли мејл“.
Славниот музичар зад себе ќе остави богата кариера закитена со најпрестижни награди. Елтон Џон зад себе има пет „Греми“, еден Оскар, 3.000 концерти и 260 милиони продадени албуми.