Грипот и настинките ги наполнија болниците. На удар се децата, постарите лица и хронично болните. Во детската болница Козле, капцитетите се полни и бројот на болни се зголемува од час во час. Директорот на болницата за детско белодробни заболувања, др Оливер Зафировски препорачува децата да не се изнесуваат надвор без потреба, да се конзумираат повеќе течности и овошјето и зеленчукот да бидат вклучени во секој оброк, се со цел тоа да влијае на подобрување на имунитетот.
По информациите за менингитис во детска градинка Пролет во населбата Козле, вистинска паника помеѓу родителите и на совијалните мрежи, надлежните смируваат, се работи за изолиран случај. Двете дечиња се хоспитализирани и нивната здравствена состојба се подобрува, вели првиот човек на детската клиника доктор Зафировски. Според него, лекувањето на овие деца ќе трае две недели
Според информациите од инстутот за јавно здравје, досега се евидентирани околу 8.000 заболени од грип. Комисијата за заразни болести излезе со неколку важни препораки за граѓаните, меѓу кои: темелна дезинфекција во сите градинки низ земјава, и тоа да биде спроведено во петок попладне и во текот на саботниот ден. Во училиштата пак, дезинфекцијата ќе се врши во текот на зимскиот распуст, односно пред почетокот на 2 полугодие. Од комисијата апелираат да се ограничи времето на посета во болниците, но и да се избегнуваат големите собири, како би се избегнал контактот со заболени лица