ЕПИДЕМИЈА НА ЖОЛТИЦА: Нови случаи во Скопје


Се зголемува бројот на заразени од жолтица. Вчеравечер регистрирани два,  а денеска уште еден нов случај. Тринаесет годишно девојче од Шуто Оризари заразено од жолтица е хоспитализирано на клиниката за инфективни болести.

infektivna1Новозаболените се од Шуто Оризари, Аеродром и Кисела Вода. Пациентите лекарска помош побарале на Инфективната клиника и во ГОБ 8-ми септември. Од скопскиот центар велат дека не се работи за врзани случаи . Последното деноноќие на Инфективна со Хепатит А хоспитализирана е само една 13 годишна тинејџерка од Шутка. Во моментот на Клиниката болнички се третираат 17 пациенти. Од почетокот на летото досега во главниот град се евидентирани 76 лица заразени со жолтица.

Расте бројот на новозаболени и во Штип. Денеска се пријавени три нови случаи, со што бројката на заразени во овој град достигна 37 лица. Сеуште се бара изворот на заразата. Резултатите од земените мостри покажаа дека штипската вода е безбедна и нема бактерии.

Случаи на заразна жолтица пријави и Кумановскиот центар за јавно здравје. Таму последените 2 недели се регистрирани три лица со Хепатит А.

Епидемиолози на терен деновиве ги  мапираа жариштата во штипско и земаа мостри од вода за испитување. Анализите треба да покажат кој бил иворот на заразата.
Лекарите уште еднаш препорачуваат да се зголеми хигиената и да се изврши дезинфекција на училиштата и градинките.
Во Куманово последниве две недели се регистрирани три случаи на заразна жолтица. Сите три се девојчиња од 13 до 29 години, а едно од нив е хоспитализирано во кумановската болница.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1