ЕПИДЕМИЈА ОД ДЕПРЕСИЈА: Секој десетти вработен е во депресија и зема слободни денови


Работниците болни од депресија, секоја година во просек земаат 36 слободни денови, а најчесто тоа го работат Германците, Британците и Данците, а најмалку Турците.


Секој четврти работник болен од депресија, признал дека за болеста не му рекол на шефот поради страв да не остане без работа. Ова го потврдила меѓународната студија на 7.000 луѓе, спроведена во Велика Британија, Италија, Германија, Данска, Шпанија и Франција.
Скоро секој десетти работник земал слободни денови поради депресија. Тоа најчесто го прават Германците, Данците и Британците, а најмалку Турците. Вработените што страдаат од депресија, во просек годишно земаат по 36 слободни дена, а експертите предупредуваат дека таквите работници секоја година ја чинат компанијата и по неколку илјади евра. Освен што земаат слободни денови, работниците болни од депресија се и помалку ефикасни, што компаниите во ЕУ само во 2010 година, ја чинеше скоро 100 милиони евра.

Една-третина од менаџерите признаваат дека немаат воспоставено адекватен систем на работа со вработените кои се борат со оваа болест и дека не знаат на кој начин би можеле да им помогнат.

– Депресијата е предизвик за компаниите, но и општеството во целина. Со оглед на тоа што предизвикува голема штета, треба дополнително внимание од водечките органите на ЕУ – истакнал британски политичар во Европскиот парламент, Стивен Хјуџис.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1