Нема геј парадата во Белград – Дачиќ донел одлука да ја забрани


Заради наводен безбедносен ризик, хомосексуалците нема да можат  да шетаат по улиците на Белград, за Kurir открил  Предраг Аздејковиќ


Парадата на гордоста која што беше закажана за оваа сабота ќе биде забранета, за Kurir изјавил Предраг Аздејковиќ претседател на геј-инфо центарот. Тој тврди дека оваа информација ја добил “од кругови блиски на премиерот Ивица Дачиќ”
Аздејковиќ наведува дека премиерот вчера сам тоа го признал.
-Прво рече дека Парадата ќе биде забранета ако безбедносните проценки покажат дека е ризична, а потоа кажа дека парадата е ризична. Наведува Аздејковиќ

Тој потсетува дека безбедносен ризик постоел и пред една година и дека ништо не е направено за истиот да се намали. Државата, според неговите зборови не прави ништо за да ги примени своите закони, а потврда е тоа што скоро месец дена  не е откриено кој го нападна младичот со месарски чекан.
-Државата не сака да ги пременува законите, а организаторите на Парадата на гордоста не успеваат да ја организираат и не го гледаат проблемот во себе, не сакаат да се повлечат, наведува Аздејковиќ.
Бобан Стојановиќ од организациониот одбор на Парадата на гордоста вели дека информациите за забраната се шпекулации.

-Немаме потврда. Вчера имавме состанок со полицијата, состанокот се однесуваше на логистиката на собирот и ништо не ни е кажано изјавил Стојановиќ за Кurir.
На прашањето што ако информациите за забраната се точни тој вели дека тоа би било уште еден доказ дека државата капитулирала пред хулиганите и како што вели пред соработниците.
Јованка Тодоровиќ Савовиќ, претседател на организацијата за лезбејските човекови права “Labris” вели дека шетањето моментално зависи од две влијателни личности со голема политичка моќ во Србија но се надева дека шетањето ќе се случи.

Share Button
Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1