Хакиран сајтот на Геј – стрејт алијансата – оставена порака ВЕ ЧЕКАМЕ!


Интернет страната на Геј-стрејт алијансата е хакирана, а наместо редовните содржини поставена е  заканувачка порака: “ Ве чекаме!”


Геј-стрејт алијансата ја информира јавноста дека нивниот сајт е хакиран и дека на него наместо редовните содржини поставена е заканувачка порака “Ве чекаме”.

“За ГСА  не постојат сомневања дек станува збор за директна закана бидејќи овие зборови повеќе пати во ист контекст биле изречени од страна на екстремистичките десничарски организации, а пред се од “Образ” ГСА потсетува дека таа организација е забранета со одлука на Уставниот суд од јуни оваа година”-се наведува во соопштението.

Тие исто така потсетуваат дека Првиот основен суд во Белград при изрекување на првостепената пресуда на Младен Обрадовиќ за закани за Парадата на гордоста во 2009 година утврдил дека слоганот “Ве чекаме” претставува закана упатена кон  LGBT популацијата
“За Геј-стрејт алијансата исто така не постои сомневање дека дека оваа закана е упатена кон активистите на ГСА како и кон целата LGBT популација во атмосфера на страв која се создава пред најавената Парада на гордоста”, се наведува во соопштението

Share Button

Tags:

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1