Епидемија во Гевгелија и Богданци од нечиста вода


Ред се чекаше во селска амбуланта во Стојаково. Кој за преглед кој за примање терапија. И стари и млади сите се жалеа на грчеви во стомакот, дијареа, повраќање главоболки. Вака биле цела недела но болките не поминувале. Пред камерата на 24 телевизија сите се жалеа, пренесува 24 Вести. Сите пиеле вода од водоводот со кој управува гевгелиски Комуналец . Отпосле дознале дека на интернет имало соопштение дека истата била забранета. Реагираат што никој не им кажал дека водата е загадена.

Освен во селските амбуланти стотина пациенти во изминатата недела биле згрижени и во гевгелиската болница. Таму лекарите од Брза помош имале полни раце работа, а се интервенирало на принципот дневна болница.

„Пациентите се збринети најчесто на инерно одделение, доколку се деца на педијатрија и по потреба е повикан и инфектолог за потешките случаи да се згрижат. Во тој период болницата одговори со целиот капацитет“, вели Митко Крџев – директор на ЈЗО Општа болница Гевгелија.

Сомневањата се дека жителите приклучени на водоводот од река Вардар пиеле загадена вода со фекалии. Тоа било причината за појавата на хидро епидемијата во овие села. Што всушност се случувало со водата одговор нема ниту и од Комуналец од Гевгелија.

24vesti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1