Ердоган го фатила параноја: Се плаши дека ќе го отрујат па секој оброк го тестира пред да јаде


Секој оброк кој се послужува на турскиот претседател Реџеп Ердоган минува низ ригорозни тестирања како дома така и надвор од државата поради страв од можно убиство преку труење, открива неговиот доктор, пренесува ,,АФП”.

Експертски тим ја контролира храната на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и се грижи сите јадења да бидат лабораториски испитани пред му бидат сервирани во резиденцијатаerdogan

– Сите јадења и намирници се контролираат пред да му бидат сервирани на Ердоган во резиденцијата, изјави Џевдет Ердол, личниот лекар на претседателот.

Ердол, кој е пратеник на владејачката Партија на правдата и развојот, истакна дека мерки во однос на храната на претседателот не се преземаат само во резиденцијата, туку и кога тој патува во странство.

– Планирано е во претседателската палата да се изгради и лабораторија за безбедност на храната. Составивме петчлена екипа за итни случаи, која ќе биде на располагање во резиденцијата по 14 часа дневно. Подготвивме работен план за здравјето и исхраната на шефот на државата. Се што тој јаде и пие претходно се анализира за радијација, хемикалии, тешки метали и бактерии, објасни лекарот.

Според Ердол, убиствата на познати личности веќе не се извршуваат само со огнено оружје, туку често и преку храна, па затоа примероци од храната на Ердоган се истражуваат во лаборатории во Анкара и Истанбул.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1