Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денес дека Турција би реагирала поинаку да знаела дека борбениот авион што нејзиноте сили го соборија на сириската граница е руски.
Да знаевме дека тоа е руски авион, можеби на поинаков начин би го предупредиле, рече Ердоган за телевизијата „Франс 24“, пренесува „Танјуг“.
Ердоган изјави дека рускиот престедател Владимир Путин не одговорил на неговиот повик по инцидентот што сериозно ги наруши односите меѓу двете држави.