Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ направи луда ергенска забава на Ибица, на која присуствувале неговиот колега Виктор Троицки и неколкумина најдобри другари. Ноле е познат во тенискиот свет како голем шоумен, па и забавата на Ибица беше во негова препознатлива режија. Тој за подарок доби еротска кукла, со која малку си поигра во базенот.
– Драги мои фанови, си зедов неколку дена одмор, во друштво на останати ергени. Ќе се видиме наскоро – напиша Ноле на социјалната мрежа Инстаграм. Српските медиуми пишуваат дека познатото летувалиште од овој викенд ќе биде затворено неколку дена, а пристап со брод и по копно ќе им биде дозволен само на оние со специјални покани.