Официјално отворено светското првенство – Џеј Ло ги “запали“ Бразилците (Видео)


Со свечена церемонија на Коринтијанс Арена во Сао Паоло, официјално започна 20-то светско првенство во фудбал.

12247904-ed12-4d7c-a6b3-48af9389f4c3 djenifer lopezБразил по 64 години повторно е домаќин на најважното фудбалско натпреарување во меѓунардони рамки. Во присуство на 60.000 гледачи, повеќе стотици уметници и изведувачи со игра и музика во живописни костими на светот му ја преставија најголемата јужноамеричка држава.

На крајот на спектакуларната програма официјалната химна на Мундијалот ја изведоа раперот Питбул, поп ѕвездата Џенифер Лопез и бразилската пејачка Клаудија Леите.

Титулата на Мундијалот во Бразил ќе ја брани Шпанија, а најголем конкурент ќе и биде домаќинот, инаку петкратен светски првак.

Првиот натпревар во рамките на А групата ќе го одиграат Бразил и Хрватска

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1