Ешерихија коли најдена во водата во Скопско


Опасната бактерија ешерихија колку како и други бактерии и метали се пронајдени во повеќе бунари, извори и чешми во Скопје и во уште неколку региони низ државава информираат од Центарот за јавно здравје. Оттаму потсетуваат дека бактериолшки и хемиски неисправната вода за пиење е многу опасна по здравјето. Опасните супстанци во течноста што живот значи , може да предизвикаат цревни инфекции, кои знаат да бидат придружени со високи телесни температури, дијареја, гадење и повраќање. Особено се опасни за децата, но и за организмите со низок имунитет.

Од Центарот за јавно здравје известуваат дека опасна вода за пиење на сретсело во Чучер Сандево, во која анализите покажале дека има ешерихија коли и зголемен број колиформни бактерии. Исто таков квалитет во селото има и „чешмата со осум шопурки“ – село Чучер Сандево.

На правилникот за безбедност на водата поради наод на Псеудомонас Спп и зголемен број колиформни бактерии има и во водата од чешмата во манастирот Свети Никита во село Горњане кој секојдневно го посетуваат голем број верници. Во овој регион, речиси сите чешми се полни со опасни бактерии. Опасна за пиење е водата од чешмата сретсело во Горњане, како и старата чешма во селото каде што е пронајдена бактеријата ентерококус.

Вода полна со бактерии и ешерихија коли, тече и на сретсело во Бањани, а зголемен број колиформни бактерии Псеудомонас аеругиноса, има и во јавната чешма во дворот на „Свети Илија“ во село Бањани. И чешмите Сељац, чешмата до рибникот „Дуло“ во Бањани, чешмата во Горно Маало како и таа сред село во Мирковци не одговараат на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии.

-Водата за пиење во Мирковци не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии и зголемен вкупен број колонии на 37 Целзиусови степени. Водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сретсело во Бразда – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број колиформни бактерии. Водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сретсело во Глуво – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли, информираат од Центарот за јавно здравје.

И во водата што тече сретсело во Побожје има ешерихија коли и зголемен број колиформни бактерии. Ешерихија има и во водата за пиење во Горно Маало и во чешмите Попова, Усова, во село Кучевиште.

-Водата од чешмата во црквата – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли. Водата од чешмата во црквата „Свети Архангел“ – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на ешерихија коли, информираат од Центарот.

Во Кучевиште опасна за пиење е и водата од чешмата на сред село, како и во дол во село Бразда, а неисправна е и водата за пиење кај Чамите во Боговиње.

Од Прилепскиот центар за јавно здравје известуваат дека бактериолошки и физичко-хемиски се неисправни водите за пиење во селата Сланско – двор, Модриште – продавница, Самоков, во основното училиште во село Д. Манастирец, село Манастирец – продавница, во Пласница – продавница, училиштето во Пласница, а во Преглово во здравствената станица. Додека само бактериолошки се неисправни водите од регионалниот водовод с. Лисичани – двор и ОУ „Браќа Миладиновци“, село Самоков.

-Процентот на вода од села со сопствен водовод изнесува бактериолошки неисправни 35%. Најопасни се оние индивидуални водоснабдителни објекти коишто ги имаат во сопствените дворови како бунари, пумпи и слично и коишто не подлежат на никаков надзор, велат епидемиолозите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1