Ешерихија Коли и други бактерии најдени во кујни во 2 училишта во центар – затворени се


При контроли што ги изврши Општина Центар пронајдени се бактерии во две училишни кујни, а градоначалникот Андреј Жерновски побара директорите итно да ги затворат двата објекта , соопшти вчера локалната власт.

hrana22– Во „Kочо Рацин“ има наод од ешерихија коли на машината за сечење леб, а во „Св. Kирил и Методиј“ има наод од цитробактер на штипка за служење риба, како и колиформни бактерии. Kонтролите ги изврши Центарот за јавно здравје – Скопје, со кој Општината неколку години по ред склучува договори за вршење санитарно-хигиенски увиди во основните училишта. Во двете училишта со кујните стопанисува иста фирма, „Сара тренд“ од Скопје. Веднаш по добивањето на резултатите, градоначалникот побара кујните да бидат затворени – соопштуваат од Општина Центар.

Општината побарала директорите на двете училишта да свикаат итни средби на Советот на родители и на Училишниот одбор, со цел да се запознаат родителите со состојбата и со идните мерки.

– Општината писмено се обрати и до Агенцијата за храна како надлежна институција и побара да извршат надзор во кујните на училиштата „Kочо Рацин“ и „Св. Kирил и Методиј“ и да преземат с` што е во нивна надлежност – велат во Центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1