Есма им помагала на скопските чистачи на чевли и чистела во домовите на имотните, но стигна до светска слава!


Покрај светската слава и неверојатниот талент, Есма Реџепова секогаш велеше дека најголемиот успех во животот и е тоа што има 47 децаesma.jpg500

Есма е родена на 8 август 1943 година, таа е петто дете од шесте на Чанија и Ибраим Реџепови. Се родила во мала куќичка во Скопје. Таткото Ибраим во бомбардирањето на Скопје во април 1941 година ја изгубил едната нога. Се обидел да ги прехрани четирите ќерки и двата сина како чистач на чевли, но бидејќи останал инвалид, некој постојано морал да му ја носи кутијата со бои и четки. Покрај другите браќа и сестри, и малечката Есма станала помошник на татка си. Но, наскоро го проширила „бизнисот“, па им помагала и на другите чистачи на чевли во Скопје. Таа била нивниот главен снабдувач со „репроматеријал“. Трчала до тогаш единствената работилница за производство на боја за чевли „ималин“ и набавувала за сите. Парите што чистачите ѝ ги давале за автобуска карта, таа ги штедела за кино билет, а најчесто во набавки одела пеш.

Никогаш не се срамела од работата, ниту кога сиромаштијата го принудила деветгодишното девојче да чисти скали и да брише прозорци во домовите на имотните скопјани. Имала прекрасен глас секогаш широка насмевка и ведра природа. Нејзината мајка никогаш не запеала. Татко и Ибраим пеел, но само за своја душа, зашто пеењето по кафеани го сметал за недостоинствена работа. Неговата 13-годишна ќерка Есма била вљубена во песната, но тој всушност и не знаел дека таа веќе ја пленила публиката со својот глас, пеејќи песна во една театарска претстава и дека добила покана да учествува на меѓучилиштен натпревар во пеење во Сарај.

Таа се омажи за Стево Теодосиевски, познатиот македонски естраден уметник, а за нивниот брак при едно интервју, раскажа како почнал. Тој ја барал нејзината рака со години откако имала 18, па сѐ до 23, кога конечно се согласила да му биде жена. Таа призна дека во тој период потајно била вљубена во друго момче.

Во периодот од 1960 до 1989 година Стево и Есма Теодосиевски живеат и работат во Белград, а потоа се враќаат во Скопје. Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители.

Ансамблот „Теодосиевски“ има одржано повеќе од 20.000 концерти, од кои околу 2.000 хуманитарни, има издадено 108 сингл плочи, 20 лонгплеј плочи, 32 аудиокасети, 15 компакт дискови, 6 видеокасети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ.

Стево Теодосиевски почина во Скопје на 9 април 1997 година.

Од тогаш Есма остана сама.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1