Ете како западот прави пропаганда – Снимката на сириското дете кое ја спасува сестрата е лажна


Видеото во кое момче од Сирија си ја спасува сестрата низ дожд од куршуми го обиколи светот по објавувањето на Јутјуб е лажна !!! Норвешка филмска екипа признала дека го снимила со глумци и сириски бегалци што се наоѓаат на Малта. Ларс Клевберг, режисер од Осло, открил дека ги направил тие сцени врз основа на телевизиски снимки од судирите во Сирија и дека на тој начин сакал да привлече внимание кон големиот број деца што се наоѓаат во воената зона, пренесува мкд.мк.

detesestra-550x300 – Снимавме на Малта во мај, и тоа на локации што биле користени за некои познати филмови како „Троја„ и „Гладијатор„. Момчето и девојчето што се на снимката всушност се професионални глумци од Малта. Гласовите што се слушаат во заднината се на сириски бегалци што сега се на Малта. Го направив филмот и се преправавме дека е снимка од вистински настан за луѓето да го споделат со другите и да почувствуваат дека има надеж – рекол Клевберг.

Неговата филмска екипа добила дури и финансиска поддршка од Норвешкиот филмски институт за уметност за да го сними ова видео. Но тие ги отфрлаат сите обвинувања дека снимката е објавена на Интернет за да стигне на насловните страници. Ете ви доказ како западот ги фингира сите војни, диверзии, напади. Од Виетнам, преку Бивша Југославија, Косово и Ирак или Арачиново ! Се е филмско-диверзанстко сценарио на скапаниот и злобен запад !

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1