Од 1 септември граѓаните на ЕУ не ќе можат да купат правосмукалка чија сила на моторот преминува 1600 вати, односно најдобрите модели на правосмукалки наскоро ќе биде забранет.
Доколку во вашиот дом ви е потребна моќна правосмукалка, побрзајте да ја набавите, предупреди британската агенција за заштита на потрошувачите „Which?“. За само десет дена најмоќната и најквалитетната правосмукалка во ЕУ повеќе нема да биде легална.
Всушност, од седум правосмукалки кои од јануари 2013 до денеска на британскиот пазар добиjа статус „best bay“ модели, дури пет имаат мотор чија моќност има повеќе од 1600 вати. Правосмукалките со поголема моќност се забрануваат поради заштита на животната средина.
Ограничувањето не завршува тука. По 2017 година на полиците во маркетите во ЕУ ќе може да се најде само правосмукалка чија моќност не преминува 900 вати. Просечната моќ на моментално достапните правосмукалки е 1800 вати.