ЕУ го поздрави изборот на Џафери за претседател на Собранието и го осуди нападот врз пратениците


Осуда за нападите врз пратениците, но и поздрав за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието е реакцијата која вечерва стигна од Европската унија по случувањата во Собранието. Високата претставничка за надворшена политика и безбендост на Унијата Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Ханот во заедничко соопштение го осудија насилството во Собранието. „Чинот на насилство во Собранието е целосно е неприфатливо и повикуваме на смиреност и воздржаност. Министерството за внатрешни работи и полицијата мора да го обезбедат собранието и неговите членови“, е ставот на Могерини и Хан. Могерини и Хан го поздравија изборот на Џафери.Screenshot_109

-„Демократија мора да продолжи по својот курс. Ние го поздравуваме изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието“, стои во соопштението. Могерини и Хан во име на Европската унија изразија евереност дека политичкиот дијалог во рамки на институциите е единствениот пат кон напред и ги повикаа сите политички чинители во земјава да го почитуваат Уставот и да дејствуваат во духот на демократските принципи, чесност и за здрав разум

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1