Европската комисија презентираше нов предлог со кој би се спречило плаќањето на дополнителните трошоци за мобилен роаминг во земјите на Европската унија.
Европејците од средината на идната година ќе можат да ја користат мрежата на домашниот телекомуникацоски оператор без никакви дополнителни трошоци, без оглед на тоа каде се наоѓаат и колку време минуваат надвор од својата земја.
Меѓутоа, оваа одлука со себе носи и одредени услови кои корисниците ќе мораат да ги почитуваат, како што е користење на СИМ картичка од државата „од која доаѓаат или со која имаат стабилна врска“. Се уште не е јасно што подразбира Европската комисија под „стабилни врски”.