Европската унија наскоро ќе објави „црна листа“ на животни, штетни за околината, за кои ќе биде забранет увоз и купување во земјите на ЕУ.
Полжав „убиец“, Азиска бубамара и Бозамски стаорец – ова се само некои животни што според плановите на Унијата ќе бидат ставени на „црната листа“ затоа што со своето брзо ширење ја загрозуваат животната средина, пренесува „Економик тајмс“.
Европските институции се согласиле дека мора да се состави попис на ваквите штетни видови што е можно поскоро затоа што нивното брзо размножување го загрозува опстанокот на други видови, а освен тоа тие претставуваат опасност и за ширење на нови болести и зарази.
Така од 2016 година видовите како азиската бубамара, која им се заканува на автохтоните видови пеперутки во Велика Британија, ќе биде забранета да се купува и на кој било начин да се увезува на британскиот остров. Таканаречениот полжав „убиец“ кој потекнува од Пиринејскиот Полуостров и кој е познат по тоа што се храни со послаби видови, исто така ќе се најде на „црната листа“ на животни забранети за одгледување.
„На листата ќе се најдат видови кои брзо се размножуваат и се шират преку границите на државите, па им нанесуваат големи штети на природните живеалишта на други животни. Од таа причина се носат овие мерки“, објаснува Европската комисија.
Фактор.мк