ЕУ самит: Балканската рута затворена


ЕУ и Турција си оставија десет дена за да најдат финално и трајно решение за бегалската криза. Следниот самит е закажан за 17 и 18 март повторно со Турција.Вчера, по долги преговори, ЕУ и Турција ставија на хартија неколку точки со обврски за двете страни.eurozone

Самитот испрати порака до сите мигранти и бегалци кои сакаат да одат во Европа дека економските мигранти ќе бидат вратени назад и барателите на азил треба да сфатат дека барањето за азил треба да го поднесат во Турција за можат, доколку барањето е прифатено, безбедно да бидат префрлени во земјите членки на ЕУ.

Во конечната верзија од самитот се вели ,,нерегуларниот бран на мигранти на патот на Западниот Балкан сега е затворен,,.

Турција рече дека е подготвена да го стави во погон билатералниот договор помеѓу Анкара и Атина за брза реадмисија на сите мигранти кои немаат потреба од меѓународна заштита и кои тргнуваат од Турција и одат во Грција и кон Балканот. Анкара исто така се обрвза да ги земе кај себе сите мигранти во нерегуларна ситуација кои минуваат преку турските води. Трошоците ќе ги плати ЕУ.

Освен тоа, за секој Сириец кој добил реадмисија во Турција од некој грчки остров, ЕУ треба да се обврзе да земе еден Сириец од Турција и да го смести во една од земјите членки.

Ова не му се допадна на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој рече дека нема ова нема да го прифати. На оваа тема разговорот треба да продолжи на 17 март бидејќи многу земји членки не се согласуваат со овој предлог.

Анкара за возврат треба да добие безвизен режим најдоцна до јуни 2016 година а во најкус рок ЕУ треба да подготви и отвори нови поглавија со преговорите за членство на Турција во ЕУ. Да потсетиме дека Турција и ЕУ ги отворија овие преговори во 2005 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1