Лага на британските медиуми за Македонија: Македонската полиција претепала Сириец и му дала урина место вода


Британскиот новинар и дописник од македонската јужна граница Џон Спаркс од британската новинска куќа „Скај њуз“ доживеа невиден дебакл и срам кога го објавил текстот за наводниот ќотек што го добил меигрант, кој се нарекувал Мустафа од Сирија, од македонската полиција. Kритики и остри зборови на осуда упатуваат читателите на интерне-страницата на „Скај њуз“, но и волонтерите од невладините организации, кои секојдневно 24 часа помагаат на граничниот премин на македонско-грчката граница, пренесува Дневник

Screenshot_158

Според прилогот на Спаркс за „Скај њуз“, со наслов „Бегалец тепан од македонските граничари“, емигрантот Мустафа едвај можел да се движи од повредите што го добил. Во текстот се тврди дека сирискиот барател на право на азил од Дамаск се наоѓал затворен во едно одделение во болница во северна Грција. Авторот во текстот вели дека Мустафа имал голема јака за имобилизација на вратот, постојат сомненија дека има и фрактура, а неговиот грб бил полн со модринки во светловиолетова боја. Според „Скај њуз“, емигрантот Мустафа изјавил дека македонските полицајци и војници се одговорни за тепањето.

Имено, според приказната што ја пренесува овој медиум, Мустафа изјавил дека лицето што е одговорно за новоизградената поставена ограда по должината на грчката граница му се обратил и го прашал емигрантот Мустафа дали е жеден? Тој одговорил потврдно, по што бил внесен во некоја кабина за претрес на македонска територија, бил соблечен гол и тогаш, наводно, добил ќотек и закани од полицијата дека, место вода, ќе му дадат да пие од нивната урина.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека станува збор за паушални обвинувања и дека енергично ги отфрлаат невистините наведени во новинарскиот текст за наводното тепање емигрант.

– Енергично ги демантираме ваквите невистини. Македонските полициски службеници од почетокот на емигрантската криза, па сè до денеска се на ниво на задачата и професионално ги извршуваат сите активности како од безбедносен така и од хуманитарен аспект. Ако некој има доказ за несоодветно дејствување на припадник на македонската полиција, молам да биде доставено, ние соодветно ќе постапиме.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1