ЕУ: Специјалниот обвинител нема да го замени Јавниот обвинител во Македонија


Изолација на земјата, јавно обвинување на виновникот од можниот неуспех да се постигне договор, исфрлање на Македонија од евро-атлантската патека, недипломатски притисок и зборови, се било на маса при преговорите што вчера успешно завршија во Македонија меѓу политичките лидери со цел ставање крај на политичката криза во земјата, пренесе МИА.obvinitelstvo-skopje Ова денеска за дописникот на МИА од Брисел го појаснуваат од Европската унија, според кои политичките лидери ја донеле Македонија до работ на стабилност во политичка смисла, но и на работ во однос на поширок дестабилизрачки фактор, кога станува збор за однос од меѓуетнички димензии.

Како последна и многу важна точка во однос на Протоколот на договорот од 2-ри јуни е именувањето на Специјален обвинител до 15 септември. Истиот ќе биде одговорен и автономен да води истраги за деталите од пресретнувањето на комуникациите, односо за аферата со прислушкувањето. Тој, според Брисел ќе биде именуван со заеднички договор на двете политички страни во земјата и целата оваа операција, според комесарот Хан не е само за градење и заштита на политичката стабилност, туку и за земјата да се врати на демократијата и владеењето на правото.

За тоа дали Специјалниот обвинител ќе биде замена за постојниот Јавен обвинител на Република Македонија или не и каква ќе биде неговата улога, изворот од ЕУ потенцира дека се работи за Специјален обвинител, кој нема да го замени Јавниот обвинител во Европската унија се јасни. Имено, според Брисел, Специјалниот обвинител е нов обвинител и такво нешто е можно оти според Уставот на Македонија во земјата има главен обвинител и секторски обвинители, а институција на специјален обвинител не е непоната за земји со функционален правен систем. Улогата на Специјалниот обвинител ќе биде да води истрага за наводите од прислушкуваните разговори и тоа според Брисел е нов обвинител, но не главен јавен обвинител.

Инаку, според Брисел, изборот на Специјален обвинител ќе треба да се направи низ легална процедура што партиите треба да ја решат. Истиот ќе има целосна автономија да ги води истрагите за аудио-снимките, а неговата улога и времетраење ќе зависи од истрагите, но дека истиот нема краен рок до кога треба да работи и дека неговата улога може и да не престане со изборите на 24 април 2016 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1