Узунов и официјално си поднесе оставка и се откажа од Заев


Еден од најистакнатите кадри на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, сега веќе поранешен потпретседател на партијата Ванчо Узунов и официјално си поднесе оставка од фунцијата и се откажа од актуелниот лидер Зоран Заев.

uzunov vanco

Според пишувањата еден од четворицата потпретседатели поднел оставка од функцијата пред вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата. Тој оставката ја доставил во писмена форма. Партискиот портпарол Петре Шилегов го потврдил повлекувањето на универзитетскиот професор и вели дека во образложението на одлуката за заминување од партијата биле наведени сериозни лични причини.

Ваквиот чекор Узунов го најави уште минатата недела, како револт од политиките што ги спроведува раководството на партијата предводено од Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Узунов отворено во својата последна колумна го изнесе своето размислување за политиките на неговата матична партија и за резултатите од анкетата на ИРИ. Тој за разлика од Заев, кој смета дека се нерелевантни,  ги прифаќа резултатите и ги оценува  како релевантен показател на јавното мислење.

-Од друга страна, ги имаме и резултатите од анкетата на ИРИ. Во отсуство на други такви анализи, ги прифаќам и добро ќе размислам за тоа дали има било каква смисла мојот натамошен ангажман во политика, пишува Узунов.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1