ЕУ воведува туристички корона-пасош, здравствен дел од протоколот за патување


Министрите за туризам на земјите членки на ЕУ се согласија на видеоконференција да изготват заеднички патнички документ што ќе важи за сите земји членки.

Тема на состанокот беа состојбата во европскиот туризам, влијанието и мерките и условите за пристигнување туристи. Хрватскиот министер за туризам, Гари Капели, рече дека документот, кој го нарекоа корона-пасош, се однесува на здравствениот, односно безбедносниот дел од протоколот за патување, пренесува „Данас“.

ХТВ пренесува дека Капели рекол оти е договорено да има заеднички план за излез од кризата, без оглед на одделните ситуации во земјите.

„Туризмот сочинува 10-11 проценти од БДП на Европската Унија и вработува 12 проценти од вкупниот број вработени. Клучен е за зајакнување и спасување на националните економии“, рече Капели цитирајќи примери од Хрватска, Италија, Шпанија и од Грција.

Запрашан од новинарите за можноста за воспоставување коридор за сообраќај на туристите, тој рече дека тоа ќе биде договорено до крајот на мај, ако не на заедничкиот дел, тогаш билатерално со заинтересираните земји.

„Досега ние веќе имаме респектабилен број земји што се заинтересирани“, рече Капели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1